Антонио Фернандез Мартинез од Окланд, Калифорнија, бил уапсен поради лажно претставување и обид за грабеж, откако на автопат се обидел да запре автомобил кој бил управуван од вистински полицаец на тајна задача. Официјалните лица рекле дека 20-годишниот Мартинез се претставил како полицаец и се обидел да запре необележано полициско возило.


Мартинез, кој порано бил осудуван за кражби на автомобили возел автомобил со ротационо светло, микрофон и звучници. Сега најверојатно ќе добие казна затвор. Полицаецот кој бил на тајна задача изјавил дека Мартинез сигурно се надевал дека нашол лесна мета за крадење.