Како Леонардо ди Каприо во филмот „Улови ме ако можеш“ и Андреа Ширло, кој на својот фејсбук профил напишал дека е пилот, успеал најмалку еднаш оваа година да патува со авион во кокпитот како трет пилот, пред полицијата да го уапси и да го обвини за загрозување на безбедноста во авио сообраќајот и лажно претставување. Лажниот пилот го зел и лажното име Андреа Ширло и лажно се претставувал на фејсбук каде имал 400 пријатели. Како „пилот“ успеал да го измами екипажот на линијата Минхен-Торино на 6 април оваа година.

Тој бил невработен и бил сторител на низа измами. Кога бил уапсен, ја одвел полицијата на местото каде ги чувал своите униформи, разни картички и прирачник од теорија за летање. Како неговиот лажен идентитет би бил што поверодостоен, на Фејсбук направил и лажен профил на стјуардеса која му била наводна пријателка и со која разговарал за летовите, патувањата и случувањата „на работа“.