Француската полиција уапсила 58-годишен човек кој 30 години нелегално работел како архитект, градејќи неколку училишта и една болница. Лажниот архитект бил уапсен во Мант-ла-Жоли, каде ја надгледувал изградбата на една куќа. Чудните одлуки на човекот го навеле сопственикот на куќата да се распараша за него во комората на архитекти. Констатирајќи дека го нема во ниту еден регистар, го пријавил случајот во полиција.

Според медиумите, лажгото и признал на полицијата дека лажно се претставувал како архитект од 1983 година. Се воспоставило дека во периодот од 2009 до 2013 година заклучил неколку договори вредни 926 илјади евра, за кои сега ќе мора да одоговара на суд. За делата кои ги сторил претходно нема да одоговара бидејќи веќе застареле.