Учителката Лесли Хернисеј од Пенсилванија била уапсена откако било утврдено дека лажела дека има тумор на мозокот за да не оди на работа. Во училиштето рекла дека мора да земе двомесечно боледување, бидејќи туморот не можел да се оперира. Нејзините колеги се обиделе да соберат финансиска помош, но акцијата била стопирана бидејќи таа ги немала потребните медицински документи.
Кога поминале двата месеци директорот почнал да се сомнева. Го повикал лекарот кој наводно ја лечел, и лагата била откриена. Ја уапсиле и судот и одредил кауција од 10 илјади долари за да го чека судењето на слобода.