Една жена од Гватемала е уапсена во Барселона откако излажала дека е киднапирана за да го продолжи летувањето со љубовникот кого го запознала преку интернет. Таа допатувала во Шпанија на 22 јули, а нејзиниот сопруг останал во Гватемала. Од мобилниот телефон му напишала порака на сопругот во која тврдела дека ја заробил непознат маж и дека истиот ја силувал.
Истрагата започнала кога сопругот ја алармирал гватемалската амбасада во Шпанија. Полицијата подоцна ја пронашла жената како се забавува во Барселона. Најпрвин на полицијата и раскажала дека успеала да му побегне на киднаперот, но лекарските прегледи не покажале никакви знаци на насилство. Таа на крај признала дека ја измислила приказната за да биде подолго со својот љубовник.