На еден жител на Париз, кој пријавил дека има 55 деца од 55 различни мајки му прети затворска казна од десет години поради сомневање дека лажел за татковството. Полицијата се сомнева дека тој бил вмешан во измама со која мајките добивале социјална помош која државата ја чинела повеќе од милион евра годишно.
Човекот тврдел дека жените ги запознавал во барови, а тие главно биле од Африка. За 150 до 200 евра тој ги пријавувал децата и нивните мајки, со што им овозможувал да добијат дозвола за престој и социјални бенефиции. Некои од мајките рекле дека добиле и до 7500 евра социјална помош.