Еден малезиец бил уапсен и обвинет за изнуда бидејќи одглумел киднапирање за да извлече пари од својата сопруга за да може да продолжи да се коцка. Неименуваниот човек и испратил порака преку мобилен на сопругата во која напишал дека е заробен и дека нема да го ослободат се додека не плати околу 10 илјади долари.
И рекол парите да ги уплати на неговата тековна сметка, но жената наместо да ги следи упатствата отишла во полиција. Кога го пронашле тој се коцкал во казиното каде бил уапсен од страна на полицијата.