Французинот Абделкарим Серхани во Австралија глумел арапски принц цели 16 дена. Се возел во лимузини, луксузни спортски автомобили, имал телохранители и освојувал женски срца. Дури и потпишал договор вреден 105 илјади австралиски долари за снимање на реално шоу. На оваа идеја французинот дошол гледајќи го филмот “Принцот ја открива Америка” во кој Еди Марфи игра принц кој дошол од измислена африканска држава во САД.


Но полицијата го уапсила измамникот. Го барале бидејќи во градот Каирнс украл две шишиња вино вредни 600 долари. Набргу се дознало дека момчето ограбило некоја Јапонка и било во хотелот Брукселс, каде користел скапи автомобили, но не ги плаќал. Поради тоа што глумел арапски принц ќе мора да плати казна од 42 илјади австралиски долари.