Страничниот офанзивец Александар Лазевски не планира да го напушти српскиот шампион Партизан. За македонскиот репрезентативец постоеше интерес од Турскиот Трабзон но барем засега тој не е заинтересиран да замине од Паризан.
-Приказната со Трабзон е завршена, во понеделник ќе се пријавам на првата прозивка на тимот и сметам дека и натаму ќе бидам во Партизан низ пролетниот дел од сезоната, најмалку барем до јуни – вели Лазевски.
Лазевски кој е стандарден репрезентативец на последната пријателска средба со Кина која ја загубивме со 1-0, ја понесе капитенсата лента, со што стана најмладиот капитен во историјата на македонската фудбалска репрезентација.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com