Полската Легија е последниот тим во низата кој зрази желба во својот состав да го види македонскиот репрезентативец Александар Лазевски. Крилниот офанзивец вели дека не е заинтересиран за напуштање на тимот од Хумска.
– Среќен сум во Партизан и не размислувам да заминам. Овде пораснав, научив се што знам, сакам со “парниот ваљак“ да ја освојам двојната круна и моите мисли се врзани за “црно –белите“ – вели Лазевски.
Претходно интерес за македонскиот репрезентативец покажа турскиот Трабзонспор.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com