Фудбалската репрезентација на Македонија за дуелот со Азербејџан ќе биде ослабена по откажувањето на Александар Лазевски кој се пожали на повреда поради што подолго време отсувстува и во редовите на белградски Партизан.


Селекторот Бобан Бабунски нема да повикува ново име доколку не се случат дополнителни проблеми до првиот собир кој е закажан за в недела 12ч. во хотелот „Стоун Бриџ” во Скопје. Првиот тренинг на националниот тим ќе се одржи в недела во 19.на „Филип Втори”.

Експедицијата за Баку заминува в понеделник преку Виена. Натпреварот се игра в среда , 10. Август со почеток во 20ч. (17ч. по македонско време).

Ohridnews