Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, со својот Сиудад Реал гостува во Загреб кај неговиот довчерашен клуб.

Лазаров во Загреб помина пет сезони, прво од 2000 до 2002 го носеше “модриот“ дрес, за да потоа по пет сезони од унгарскиот Везпрем се врати во Загреб каде остана уште три сезони. Ова лето тој се одлучи да премине во шпанскиот Сиудад Реал.

Добро се адаптирав , добро тргнавме и се надевам дека ке продолжиме во ваков ритам.  Драго ми е што си заминав, овде се работи на едно ниво погоре од она во Загреб. Сакав да сменам и да играм во Шпанија, за мене ова е чекор напред во мојата кариера – вели Лазаров.

Лазаров на хрватските новинари им откри дека сеапк му недостига Загреб.

Ми недостига Загреб и драго ми е што се вратив па макар да одиграм само една утакмица. Во Загреб се чувстувам како дома – завршува Лазаров кој во дресот на Реал ќе игра против Загреб во ракометната лига на шампиони.

OhridNews