Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров е нов играч на трикратниот европски првак и шпански првак Суидад Реал. Неколку месеци траеше сагата околу преселбата на Лазаров од Загреб во Судидад, откако двата клуба не можеа да се договорат за висината на оштетата.


Според шпанските медиуми , оштетувњето изнесувало 125 илјади евра, наспроти првичните 75 кои ги нудеше Реал за леворакиот бек.

Лазаров кој на Мундијалот во Хрватска беше најдобар стрелец со 93 постигнати погодоци, во својата кариера играше за Пелистер, Загреб и унгарскиот Веспрем, а два пати беше најдобар стрелец во лигата на шампиони.

М.П.