Капитенот на македонска ракометна репрезентација Кирил Лазаров е нов член на европскиот вицепрвак Барселона.


Леворакиот македонски бомбардер Лазаров е втор играч во мозаикот на тренерот Хавиер Пасквал по Французинот, Никола Карабатиќ, кој треба да биде шампионски.

Со овие двајца вонсериски ракометари Барселона ќе атакува на титулата во Лигата на Шампиони, која сезонава ја загуби во финалето откако претрпе пораз од Хамбург.

Репрезентативниот бек ќе нема никаков проблем околу адаптацијата во Шпанија бидејќи три сезони настапуваше во Атлетико Мадрид, а на дресот ќе го носи бројот 77 што го носеше додека настапува за “јорганџиите“.

Барселона е седми клуб во кариерата за Лазаров, а четврти надвор од македонските граници.

Мх.П.