Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров и шпанскиот Сиудад Реал обезбедија пласман во финалето на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн. Шпанците го совладаа Хамбург со 28-23, а Лазаров со 5 гола, беше втор стрелец во составот на Талант Душебаев.


По двата неуспешни обиди за финале со Веспрем, за нашиот репрезентативец ова со Сиудад Реал е трета среќа.

Во финалето Лазаров ќе се судри со Барселона која во полуфиналето славеше над Рајн Некар Левен со 30-28.

Ohridnews