Со девет голови капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров беше најпрецизен во клучната победа против Португалија која значеше пласман на ЕП во Данска.


– Во неколку наврати напоменав дека континуитетот на големи натпревари за нас е најважен. Во Данска покрај поддршката од нашата „фаланга“ очекувам од домашната публика како што беше случај на квалификациите за Олимпијадата –
посочи Лазаров.

На последното Европското првенство Македонија го освои петтото место, а драматичните порази од Германија и Данска ја оддалечија Македонија да се бори за медал.

– На континенталниот собир ќе атакуваме на висок пласман, а шлаг на оваа генерација ќе биде пласманот на Светското првенство во Катар и Олимписките игри во Бразил –
заврши Лазаров.

Мх.П.