– Не ми е лесно да одберам зборови за да опишам колку сум среќен и исполнет поради овој проект кој е многу поразличен од одење на светско или европско првенство, особено зашто немам топка во рака и немам прес да одговарам на прашања. Нема да прочитате многу имиња во книгата, но ќе ги препознаете, како што ќе ги препознаете некои од ситуацииите. Може и вие ќе се пронајдете. Ги менував текстовите додека не се добие суштината. Но секојпат ги добивав истите емоции. „Седум” е прв чекор од останатие шест што следуваат. Се надевам дека мојот татко кој не е меѓу нас, го слуша сето ова и се надевам дека за миг се симна да биде меѓу нас – рече Лазаров.
Пред капитенот Лазаров и македонската ракометна селекција престои клучниот натпревар со Португалија за пласман на Европското првенство во Данска.