Ракометниот клуб Вардар со освојувањето на двете титули во Лигата на Шампиони како никој спортски колектив до сега ја сплоти и израдува македонска нација. Прославата се одвиваше во Скопје но цела Македонија и ракометна фела се радуваше на големиот успех. Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров смета дека Вардар треба да се стабилизира затоа што му е потребен на ракометот, македонскиот спорт и народ.

Вардар направи многу, дури и повеќе од она што се очекуваше. Најголеми заслуги има Самсонеко, вложи многу и работеше паметно. Доколку се вмеша политиката ќе биде лошо. Но Вардар е институција, се надевам дека ќе биде се во ред. Потребен му е на македонскиот народ и на спортот. – изјави Лазаров во интервјуто за хрватскиот медиум „24сата“.

Лазаров откри зошто ја одбрал седумката, дека тренирал прво кошарка па потоа се префрлил на ракомет поради татко му.

Најпрвин тренирав кошарка започнав во петто одделение. Идол ми беше Тони Кукоч, бројот седум го носам поради него. Поради татко ми се префрлив на ракомет. Тој беше врвен играч, на врвот од кариерата играше за Вардар во југословенската лига. Ми беше незгодно, а нему не му беше пријатно тој да е ракометар, а син му да фрла на кош. – истакна Лазаров.

OhridNews