Пласманот на македонските претставници Вардар и Металург во 1/4 финалето не го остави рамнодушен ниту капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, кој преку официјалниот „фејсбук“ профил се огласи за исторскиот успех.
– Честитки за нашите два ракометни клубови. Секоја чест наполнивте многу срца македонски. Покорени две ракометни велесили (Германија и Данска). Се гордеам со Вас! – напиша Лазаров на „фејсбук“.
Македонскиот ракомет ќе има три амбасадори во 1/4 финалето од ЛШ вклучувајќи го и Лазаров кој со Барселона без проблеми го елиминираа дански Алборг.
Мх.П.