Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров направи чекор напред во својата кариера организирајќи седумдневен ракометен камп во Охрид.
На кампот во Охрид вкупниот број на учесници изнесува 150, а ќе се работи под посебна програма формирана од тимот на Лазаров.
– Ова е нов проект, а секој почеток е тежок. Меѓутоа од друга страна се радувам што учесници има од цела Македонија и од градови каде што не е развиен доволно ракометот. Мене лично многу ми е жал што некои деца ги вративме поради надминување на замислената бројка пред почетокот на кампот. Еднаш напоменав дека целта на овој е камп е да се направи добра и квалитетна база од каде ќе црпи македонскиот ракомет. – рече Лазаров.
Учесниците се поделени во возрасни категории, а со нив работат тренери и помошници под будното око на Лазаров.
Фото : Емилио
Мх.П.