Со шест погодоци капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров ја предводеше Барселона до победата над Бенидорм со 28-25.


Во клучните моменти од мечот десниот бек погоди за „комотна“ предност од два погодоци разлика, која на крајот каталонците ја зголемија на три.

Исто голови колку Лазаров постигна францускиот ас Никола Карабатиќ, а еден помалце реализираше Виктор Томас.

Моменталната форма на Лазаров радува бидејќи в среда репрезентацијата против Швајцарија ги отвара квалификациите за Европското првенство.

Мх.П.