Малерот против традиоционално незгодниот противник кој во последните три обиди не исфрли од игра е скршен, и со солидна позитива одиме во Рејкјавик. Солидна позитива, но со ладни глави треба да го дочекаме реваншот во кој сеж може да се случи. Според планот репрезентативците ќе тренираат до четврток , а во Петок е трансферот за Исланд
Капитенот на репрезентацијата Кире Лазаров, не го криеше задоволството од победата во величенствен амбиент. Но побара во име на сите репрезентативци мир пред реваншот. Да не се креваат во облаци бидејќи се што треба да се коментира ќе се прави по реваншот, а прославата е договорена за понеделник.
Македонските ракометари, со позитивата од 8 гола имаат одлична можност повторно да се најдат на Светското Првенство по 1999 година, кога последен пат играа на Мундијалот.