Македонскиот ракометен ас Кирил Лазаров во интервју за хрватскиот спортски портал „Спортнет„ се осврна на ракометни теми кои го засегаат. Лазаров и натаму е омилен во Хрватска, па често го контактираат новинари од оваа земја. Нашиот капитен говореше за неговиот клуб Атлетико Мадрид и македонската репрезентација.
По титулата вицешампион на Шпанија минатата сезона, новиот тим на Атлетико Мадрид оваа година го освои светското првемство за клубови во Катар, а потоа следеа поразот од својот најголем ривал Барселона во Суперкупот и неколку не толку убедливи настапи на шпанскиот тим и во европските купови.
“Почнавме неочекувано предобро со освојувањето на Супер глоб во Катар, кога станавме светски клубски шампиони. Сепак тоа не излажа за момент, па мислевме дека и со големи промени сме подобри од кога било досега. Иако до тогаш никој од нас тоа не го рече јавно, реално тоа минуваше низ нашите глави ” ни откри за почетокот на разговорот десниот бек на репрезентацијата на Македонија. Во последното коло од Лигата на шампионите тимот на Атлетико без четири од нивните клучни играчи играше одлично кај европскиот првак Кил, но ремито во Сарагоса во националното првенство ве спушти на второто место, што не е баш охрабрувачки пред пристигнувањето на Барселона во „Висталегре„: “По успехот во Катар направивме голем број неуспеси и лоши настапи, особено во Лигата на шампионите, а речиси секој натпревар во АСОБАЛ лигата имавме проблеми и против секој противник тешко доаѓавме до резултат. За Лигата на шампионите не е премногу доцна и ќе има можност да поправиме, јас сум убеден во тоа, но ремито со Арагон навистина може да не чини. Сепак сезоната е долга и полека стануваме се поубедени и веруваме во екипата која што ја имаме„ заврши Лазаров.
Македонија на меѓународно ниво во последните неколку години има голем напредок. Всушност, по многу години од 1998 година кога последен пат беше на големи настани, се појави на Светското првенство во Хрватска, но потоа претходно оваа година на Европскиот шампионат во Србија го освои одличното петто место. Еден од лидерите на македонската репрезентација и најдобар стрелец токму е Кирил Лазаров, кој не се сомнева во квалитетот и искуството на национален тим на Македонија. “Најважно е да се задржи континуитетот на големите натпреварувања. Тоа е единствениот начин овој спорт во нашата земја да остане на високо ниво. Имаше пост од десет долги години без големи натпреварувања, но сега имаме висок квалитет и искусен тим, со кој одиме чекор по чекор.” Новите успеси на Македонија сите ракометни навивачи ќе бидат во можност да ги видат и во јануари, кога Лазаров и соиграчите ќе се обидат да остварат што е можно подобар резултат. “Ако добиеме можност за повисок пласман, имаме доволно искуство тоа да го искористиме. Прво треба да бидеме здрави и добро да се подготвиме, бидејќи Светското првенство се уште е најголемиот фестивал на нашиот спорт. “
Лазаров говореше и за овогодинешното издание на Лигата на шампионите, кое е најсилно во историјата, за неговиот тренер Талант Душебаев, кого исклучително го цени и за хрватската репрезентација, која и натаму многу ја почитува и следи.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com