Кирил Лазаров во дресот на Барселона со шест погодоци и победа против Ал Рајан 38-25 стартуваше во одбрана светската круна освоена минатата сезона со екс тимот Атлетико Мадрид.
Мечот со аутсајдерот Ал Рајан е загревање за каталонците за дуелите кои престојат во понатамошната фаза во Супер Глоуб турнирот во Катар. Исто погодоци колку Лазаров постигнаа Карабатиќ и Томас додека Рутенка реализираше четири голови.
Следниот натпревар Лазаров и Барселона го играа в понеделник со Таубате од Бразил.
Мх.П.