Ракоментниот клуб Вардар, без капитенот Филип Лазаров, ќе ѝ се спротивстави на Висла Плок во осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите.


Левиот бек на Вардар и македонската репрезентација на тренинг го повредил палецот на десната шутерска рака, а дополнителните прегледи покажале дека се работи за фрактура, но без сериозна дисторзија, пренесува „Макфакс“.

Рехабилитацијата на Филип Лазаров ќе трае околу пет недели, што значи дека тој ќе го пропушти осминафиналните натпревари со Висла во Лигата на шампионите (16 и 26 март), а неизвесен ќе биде неговиот настап на завршниот турнир во СЕХА лигата, како и за олимписките квалификации.

Повредата на Лазаров му ги зголеми главоболките на тренерот Раул Гонзалес, бидејќи тимот остана без лев бек, откако Деревен поради повреда ја заврши сезоната, а Горбок е неизвесен за мечевите со Висла.

OhridNews