Десниот бек на Атлетико Мадрид, со својот тим, преку данскиот Копенхаген ќе се обиде да им се избори пласман во големото финале.
Данскиот тим оваа сезона вложи многу во формирањето на респектибилен состав, што резултираше со четвртфинална елиминација на европскиот првак Барселона. На теренот е предводен од еден од најдобрите светски играчи Микел Хансен. Доколку успеат во намерите да го сопрат Хансен играчите на Атлетико ќе бидат поблиску до финалниот меч.
„Ќе мора да бидеме добри во одбраната и да ја спречиме нивната брза игра“, смета командантот на одбраната на Атлетико, францускиот репрезентативец, Дидие Динар.
Дека дефанзивата ќе биде клуч за пласман во завршниот меч смета и голманот на Копенхаген.
„Полуфиналето против Атлетико ќе биде мече на две подеднакво силни екипи со одлични одбрани. Нашата предност е тоа што имаме „подолга клупа“, имаме одличен тим чија главна карактеристика е искуството. Можеби Атлетико ќе не потцени како што тоа го стори Барселона во четвртфиналето“, вели ветеранот меѓу стативите Каспер Хвид.
Според прогнозите Кил е првиот, а Атлетико вториот фаворит за освојување на европската ракометна титула.
Завршниот турнир ќе го отворат германските екипи Кил и Фуксе Берлин, мечот ќе стартува во 15:15 часот, додека пресметката помеѓу Атлетико Мадрид и Копенхаген е закажана за 18 часот.
Во недела, во истите термини ќе се одиграат натпреварите за пласман, најпрвин ќе се одигра натпреварот за трето место, а потоа и големото финале.
Ohridnews