Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров со 13 погодоци ја предводеше Македонија до  триумф против Полска, приредувајќи го најголемото изненадување во досегашниот дел од Мундијалот.


Лазаров кој е член на хрватскиот Загреб, на прес конфернецијата рече:

Уште вчера најавив дека ке дадеме се од себе и ке го оставиме срцето на терен.Оваа победа над вице-прваците е сензација и покажа дека во колку сме сложни и “гинеме“ еден за друг може да направиме големи работи.Сега е потребно да се одмориме и да собереме снага за следните натпревари кои ќе ги одлучат патниците во главната фаза.

Утре е слободен ден на Мундијалот, додека за утре играме против бранителот на трофејот Германија, а во последното коло против Русија.

М.П.