Францускиот Иври го совлада македонскиот првак Вардар 30-29 во решавачкиот дуел и го „расипа“ македонското ракометно „ел класико“ во финалето од 41-то издание на ракометниот турнир во Струга.

–  Штета што нема да играме финале со Металург на меѓународниот ракометер во Струга, но ова е припремен период каде се воигруваат сите ракометари и нема простор за паника. Игравме длабока одбрана со која прв пат се среќаваме, во вториот дел и концетрацијата ни опадна што резултираше со пораз од Иври – рече Филип Лазаров.

Од таборот на „црвено црните“ задоволни се од пречекот на стружани како и квалитетот на меѓународниот ракометен турнир „Струга 2013“.

–   Секоја чест за организацијата на меѓународниот ракометен турнир во Струга. Во нашата земја ракометот е спорт број еден и треба што повеќе да се организираат вакви турнири. Пречекот од страна домаќините е одличен, но организаторите не треба тука да застанат него да продолжат да го креваат квалитетот на турнирот – посочи Лазаров.

Најтрофејниот клуб на турнирот со 12 титули Вардар со тимот на Брест Мешков ќе се бори за третата позиција додека во финалет ќе се сретнат Металург – Иври.

 

Мх.П.