Македонскиот репрезентативец во редовите на Барселона, Кирил Лазаров им ја честиташе победата на ракометарите на Металург против мултимилионскиот проект ПСЖ.


– Од срце им честитам на Металург за победата. Резултатот ни оди во прилог. А ме прашавте како тоа да бидат изненадени двете можеби и најсилни екипи на теренот во Скопје? Има многу фактори кои влијаат за такви позитивни резултати, но тука има влијание и распоредот кој е една од важните алки во сето тоа. Најчесто изненадувањата се на почетокот на сезоната. Е сега и кога имаш убав распоред, може се да ти оди во прилог. Не велам дека е потценет противникот, но сигурен сум дека по овие резултати со „други очи” ќе гледаме на следните натпревари. Тоа е повеќе од сигурно. Но, сепак добро е за Македонија што има две силни екипи, а денес Металург го покажа токму тоа дека мора да се верува и во неговата конкурентност – рече капитенот на Македонија за „Дерби“.

Токму екипата на Металург е следниот противник на Барселона во третата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.

Мх.П.