Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров со екипата на Барселона ќе гостува кај македонскиот правак Вардар. Лазаров посакува во групата да се најде и вториот македонски тим Металург.


– Многу се радувам на мечевите со Вардар Про. Долго време посакував да играм против македонска екипа и еве сега два пати ќе ги одмерам силите со Вардар. Тоа е одлично за македонскиот ракомет, а уште подобро би било ако и Металург влезе во оваа група низ квалификациите. Така групата би привлекла голем интерес во Македонија, а пред европското првенство во Данска тоа е одличен предзнак – рече Лазаров.

Барселона во првиот меч од новата сезона ќе му гостува на Вардар во Скопје.

ЛШ : Вардар ги носи Барселона и ПСЖ во Македонија (фотогалерија)

Македонско “Ел Класико“ во ЛШ ?

ohridnews