Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров се приклучи на подговотките за престојниот бараж двомеч против репрезентацијата на Австрија за пласман на СП 2013 во Шпанија.


Лазаров имаше забележителна сезона со тимот на Атлетико Мадрид, во која го освои шпанскиот куп, заврши втор во шпанската лига, а беа поразени во финалето од Лигата на Шампиони од Кил.

Селекторот Шундовски во оваа недела ќе работи на воигрување на тактичко-технички варијанти, а од македонскиот табор се оптимисти дека може да се мине Австрија и да се обезбеди пласман на СП.

Слично како и во Србија, Шундовски не може да смета на Мите Стоилов кој ја обнови повредата и е надвор од стројот за мечевите на 9 и 16 јуни.

Македонија беше вистински хит на европското првенство во Србија, каде заврши како 5 пласирана. Потоа следуваше отрезнување, или будење од сонот на предолимпискиот турнир во Гетеборг.