Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров се откажа од настапите во националниот дрес, незадоволен од третманот кон него.

Лазаров на 26 декември уредно се  јави на подготовките на националниот тим, кои без да му биде соопштено на капитенот беа откажани. Не заслужувам таков однос, изјави за македонските медиуми Лазаров кој напомена дека нема да настапува во репрезентацијата додека не се променат состојбите.

Лазаров демантира дека на ваков чекор се решил за во иднина да може да игра за репрезентацијата на Хрватска. Ниту сакам, ниту имам намера да го сторам тоа, рече Лазаров.

Без својот најдобар играч, македонската машка ракометна репрезентација ги започна подготовките за бараж натпреварите со Бугарија и Португалија.

ohridnews