Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров по победата над Австрија со 26-21 истакна дека резултатот е позитивен и дека сме на добар пат да избориме пласман на Мундијалот во Шпанија.

– Тежок меч, кој го одигравме во абнормални услови и кој траше повеќе од 2 часа.  Да ни го понудеше некој овој резултат на почетокот од мечот ќе го прифатевме. Жалосно е што примивме гол во последната секунда, бидејќи не е воопшто исто дали ќе патувавме со плус пет или плус шест. Позитивно е тоа што примивме мал број голови 21. Имаме време од седум дена,  кое е доволно да се подготвиме. Зоната 5-1 не изненади во вториот дел кога и одигравме послабо, но таквиот пад се должеше и на неверојатно тешките услови – рече  Лазаров.

Реванш мечот се игра за седум дена во Виена.

М.П.