Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров на светскиот клупски турнир во Доха ќе се сретне со голманот на Металург, Дарко Станиќ.

Српскиот репрезентативец Станиќ ја искористи можноста да настапува како позајмен ракометар и ќе ги брани боите на катарскиот Ал Јаиш на Супер Глоуб турнирот додека Лазаров настапува со екипата на Атлетико Мадрид.

За тимот на Атлетико Мадрид право на настап немаат новите засилувања Екберг и хрватскиот интернационалец Ивано Балиќ. Мечот се игра во 16 часот по македонско време.

Мх.П.