– Убеден сум дека со кој било друг да игравме ќе го поминевме, а од друга факт е дека против Кил одигравме под нашите можности. Во двомечот не дадовме ни 50 проценти од тоа што го можеме во моментов- разочарно изјави Лазаров за македонските медиуми по елиминацијата.
Кирил Лазаров во првиот меч во Загреб (28:28) имаше очајно слаб ден, постигнувајќи само три гола Во реваншот се поправи беше најефикасен на теренот со седум гола кои се покажаа недоволни да се избегне елиминација на неговиот тим по поразот во Германија од 31:27.
Најдобриот стрелец во ЛШ во минатата сезона се’ уште е во трка за тоа признание и годинава. На 12 меча постигна вкупно 93 гола, втор е Србинот Марко Вуин од елиминираниот Веспрем со 89, а единствен што може да го (пре)стигне е Чехот Филип Јиха од Кил со 76.
– Не е мала работа три-четири години по ред да се биде во самиот врв меѓу стрелците во Лигата на шампионите, па задржувањето на таа титула што лани ја освоив по втор пат би ми било некаква утеха за неуспехот против Кил– вели најефикасниот ракометар во најсилното европско клупско натпреварување и најдобриот стрелец на Мундијалот во Хрватска.