Пред само шест месеци ракометната треска силно ја тресеше нашата земја, и речи си да немаше Македонец кој напамет на ја знаеше стартната постава.
Од тогаш до сега работите драстично се променија, еуфоријата ја снема, а ракометарите оставени сами на себе одиграа пет натпервари во еден месец. Епилогот на сите ни е познат, Македонија нема да оди на ЕП во Австрија и тоа само поради себе.
Капитенот Лазаров најдобриот стрелец од мундијалот во Хрватска имаше мирна рака и го постигна последниот пенал за победа на Норвешка. Не би биле македонци ако на победата над Норвешка не гледаме оптимистички со надеж дека ќе дувнат нови ветрови кои повторно ќе вратат во врвот на светскиот ракомет.
Но таму долу на паркетот не е така розово.
– После онаа еуфорија бевме оставени сами, имавме многу повредени играчи, што оправдани, што неоправдани изостанувања. Не има само два милиони македонци и верувајте ми премалку сме да се делиме. Не разбирам како може една репрезентација која ја дигна цела држава на нозе да тренира, да игра во едни услови без никакви припреми, но се надевам на подобри времиња– изјави Лазаров.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com