Во меѓупростор од двата квалификациски натпревари на ракометната репрезентација Кирил Лазаров ќе ја презентира својата прва автобиографска книга напишана и продуцирана во Шпанија, во периодот од последните две години.

Книгата го носи насловот „Седум” и има новелистички пристап. Опишани се неколку ситуации, познати на јавноста, но ситуации кои скоро и никогаш да не биле искомуницирани директно и раскажани во детали.

Многу од настаните се создадени во периодот од последното патување и настап на репрезентацијата во Шпанија, настапите со Атлетико во Келн на Лигата на Шампионите, преминот во најголемиот ракометен гигант во светот Барселона Интерспорт.

Тие преку „Седум” се интересен момент за комуникација со публиката, навивачите и симпатизерите на ракометниот спорт во Македонија и Шпанија.

Книгата ќе биде презентирана во петок (14 јуни во „Сити Хол”- Скопје) во 12 часот, каде на организираниот коктел за сите гости, пријатели, новинари и љубители на „убавиот збор” ќе биде присутен и Кире Лазаров кој низ неколку збора ќе ја отвори и оваа досега необјавувана страна од сопствената кариера.

Ohridnews