Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров, кој настапува во Атлетико Мадрид се поврзува со шокантен трансфер во Барселона.


Финансискиот рез, кој го зафати Атлетико Мадрид ги примора ракометарите да прифатат посиромашни договори или да бараат нови клубови.

За македонскиот интернационален прв интерес покажа германскиот Бундеслигаш, Хамбург, но Лазаров може да направи трансфер во големиот ривал на Атлетико, Барселона.

Лазаров вниманите на Барселона им го сврте по неодамнешниот натпревар во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони, кога Македонецот со шест голови беше најпрецизен и најзаслужен за победата на Атлетико Мадрид 25-20 против “каталонците“.

Мх.П.