Ако репрезентацијата има нешто што неможе да и се одземе тоа е квалитетот – потенцираше Лазаров и продолжи. Ќе играме мотивирано покрај сите проблеми кои ги имаме. Очекувам голема поддршка од навивачите кои никогаш не ни го свртеле грбот, како челниците на РФМ.

Прв противник на “македонската фаланга“ е селекцијата на Швајцарија, која заедно со Португалија и Шпанија се наоѓаат во групата со Македонија.

– Никако не смееме да ги потцениме швајцарците, но сепак ние веруваме во нашите квалитети. Најверојатно ќе бидеме ослабени и ќе мора да одиграме без Наум Мојсовски и голманот Борко Ристовски. Но и без нив ќе смогнеме сили и ќе одиграме за Македонија – рече Лазаров.

Селекторот на македонската репрезентација Ѕвонко Шундовски верува во квалитетите кои ги поседуваат ракометарите.

– Лекарскиот тим прави напори да го оспособи Мојсовски за мечот со Швајцарија. Подетално ќе дознаеме во текот на утрешниот ден. Ристовски е суспендиран и нема право на настап, но имаме двајца голмани Петар Ангелов и  Никола Митрески кои максимално ќе одговорат на задачите – истакна селекторот Шундовски.

Македонија против Швајцарија игра во 20 часот во спорстската сала “Борис Трајковски“. Цените на билетите чинат 200 денари.

Мх.П.