Францускиот тим Нант е третиот патник на завршниот турнир во Лигата на Шампиони. Ракометарите на Нант им се придружија на Пари Сент Жермен и Алборг, елиминирајќи го Веспрем со вкупен резултат 62-60, во четвртфиналнита пресметка.

Кирил Лазаров и Нант на гостувањето во Веспрем ги одбранија четирите голови предност, обезбедени во првиот натпревар со победата 32-28. Унгарскиот гигант каде настапува Дејан Манасков одигра квалитетен натпревар, ја надополни негативата од четири голови но французите со нешто подобар финиш го ублажија поразот, кој се покажа доволен за пласман на Ф4 турнирот.

За Лазаров со Нант ова ќе биде второ учество на завршниот турнир, иначе, претходно македонскиот селектор и капитен на репрезентацијата на Ф4 играше со Барселона кога го освои и со Сусидад Реал.

ПСЖ за пласман во најдобрата четворка го елиминираше шампионот Кил, а Алборг германски Фленсбург.

OhridNews