Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров не го криеше задоволството од постигнатиот успех и пласманот на Мундијалот во Шпанија. Тој потенцираше дека успехот е заеднички подеднаков на сите, од раководниот штаб, до играчите, медиумите и секако публиката која дојде во Виена да ги бодри македонските јунаци.