– Ова е сензација на Светското првенство, ова е најголемиот успех на еден спорт во Македонија, на една репрезентација и покрај оваа сензација ние ќе останеме скромни момци како што бевме и до сега. Верувале или не имавме 7-8 повредени играчи кои што станаа сабајле и не можеа да одат– изјави Кире Лазаров.
– Се собравме сами и се договоривме да заборавиме на болката и заморот, ова е историска шанса, ова е шанса за државата, да ја промовираме во светот оваа мала држава– додаде капитенот.