Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист кога се работи за распоредувањето на специјалните покана од Светската ракометна организација (ИХФ) за Мундијалот во Египет, следната 2021 година. Според десниот бек со најмногу голови во мак-ракометот, нашата репрезентација заслужува „вајлд карта“ и ново учество на Светските првенства.
Треба да ја разбереме одлуката на надлежните од ИХФ и да ја прифатиме со оглед на целата ситуација. Нашата репрезентација во последната деценија е препознатлива по многу работи во европскиот и во светскиот ракомет. Можеме да наброиме многу работи со кои треба да се гордееме. Искрено, очекувам да добиеме „вајлд-карта“ затоа што доколку постојат такви покани, ние сме во првите редови за да ја добиеме. – изјави Лазаров.
На Македонија и беше скратена можноста да се бори со Франција за пласман на СП, откако ЕХФ ги укина сите натпревари до 1 септември.
Ракометната репрезентација на Македонија во историјата пет била дел од Мундијалите. Најголемиот успех го постигна на СП во Катар 2015 година, завршувајќи на 9-та позиција.
OhridNews