Капитенот на македонската репрезентација Лазаров и неговите соиграчи немаа одговор на расположениот Омејер на голот кој собра 17 интервенции. Не само што остана без трофејот Лазаров, туку и за еден гол му избега Хансен за епитот најдобар стрелец.
– На четири голови негатива имавме неколку прилики кои не знаевме како да ги искористиме. Голманот на Кил, Омејер со толку многу одбрани на еден меч ни ги загорчи нашите животи – потенцираше Лазаров.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Душебаев истакна дека е задоволен од постигнати резултатите сезонава. И додаде дека неговата екипа наредната година ќе се врати посилна, поискусна и пак ќе се пласира во завршницата од Лигата на Шампиони.