Македонската репрезентација со пораз ги започна натпреварите на Муднијалот во Хрватска. Ракометарите не ги оправдаа огромните очекувања на бројните навивачи кои отидоаа во Хрватска да ја бодрат Македонија.

Пред три и пол илјади гледачи поголемиот број македонци избраниците на Темелковски, го платија данокот на неискуството.

Жал ми е за поразот пред оваа прекрасна публика, Одигравме две различни полувремиња. Во првото игравме добро и имавме минимална предност, додека имавме неверојатен пад во второто. Но што е тука е , животот продолжува понатаму, имаме уште четири натпревари во кои ќе се обидеме да постигнеме подобри резултати – рече по завршувањето на мечот селекторот Темелковски.

Победата на противниците им ја честита и капитенот Кире Лазаров кој постиган 9 гола кои сепак не беа доволни да се избегне поразот.

Неискутвото го направи своето . И покрај поразот нашите шанси не се загубени и може многу што да се поправи во наредните натпревари – смета Лазаров.

Наредниот натпревар Македонија го игра утре против Алжир во 15.30 .

М.П.