Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по одржаната ждрепка во Мадрид ги пренесе своите очекувања.
-Со оглед на тоа како бевме рангирани не можеме да бидеме презадоволни од изборот на противниците. Позитивна страна на ждрепката е тоа што со репрезентации како Русија и Исланд имаме одиграно добри натпревари и имаме позитивни искуства. Токму тоа ни дава за право да не ги респректираме премногу како велесили. Најважно од се ќе биде нашиот пристап, условите и организираноста на нашата репрезентација за време на подготвителниот период. Од нас се зависи„ заклучи Лазаров кој ќе ја предводи нашата селекција против Данска, Исланд, Русија, Катар и Чиле по историски резултат на за нас третото учество на светските првенства во ракомет.
Во втората фаза селекциите од групата Б ќе вкрстат со групата А, па потенцијални ривали на Македонија во осминафиналето ќе бидат Франција, Германија, Арентина, Тунис, Црна Гора и Бразил.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com