Составот на Алборг е првата пречка на Кирил Лазаров и неговата Барселона во осмифиналето од Лигата на Шампиони. Каталонците се големи фаворити за титулата сезонава, а стартуваат против данскиот преставник.


– Ниту еден противник не ни дава за право да се релаксираме. До сега го немам гледано тимот на Алборг, но ремито со Пик Сегед доволно зборува за нивниот квалитет. Нашите цели се високи затоа треба и така да играме на секој натпревар. – рече Лазаров.

Противникот на Барселона во групната фаза Висла е ривал на македонскиот преставник во Лигата на Шампиони, Вардар.

– Секоја опуштеност Висла веднаш ја казнува. Тоа ни се случи нам, но мислам дека Вардар нема така да погреши бидејќи се работи за нокаут натпревари. Со играта против Рајн Некар Ловен ракометарите на Вардар ме импресионира и можам само да им честитам и посакам многу среќа во осминафиналето. – додаде капитенот на Македонија, Лазаров.

Ohridnews