Македонската ракометна репрезентација наместо во Австрија на ЕП, патува во Турција на натпревари преку кои треба да обезбеди место во јунскиот бараж за СП 2011 во Шведска. Капитенот Лазаров е оптимист и се надева на успех во Турција.


Ние ќе направиме се да овој циклус го започнеме победнички и да го продолжиме во наредните години затоа што покажавме дека сме многу квалитетна репрезентација, дека сме репрезентација составена само од Македонци од сите делови на Македонија. Тоа ја краси оваа репрезентација– изјави Кире Лазаров

Од списокот на Савески отпаднаа Милан Левов и Никола Марковски, па така во Турција ќе патуваат голмани: Ристовски, Брестовац и Митревски, четири крила – Ангеловски, Алушески, Темелков и Златко Мојсовски, два пивотмени – Стојанче Стоилов и Левко Наумовски, и седум бекови – Мите Стоилов, Маркоски, Филип Лазаров, Наумче Мојсовски, Миркуловски, Кирил Лазаров и Митков. Од нив 14 ќе може да бидат во составот на натпреварите.

Во Адана на 15 ќе играме со Литванија, додека ден подоцна ќе играме против Турција, само најдобриот тим обезбедува пласман во баражот.

ohridnews