Македонскиот интернационалец Кире Лазаров постигна само три гола во ремито 28-28 помеѓу хрватскиот Загреб и германскиот Кил.


Дербито во четвртфиналето од ракометната лига на шампиони заврши без победник, а патникот во полуфиналето ќе биде познат по реванш мечот кој за седум дена ќе се игра во Германија.