Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров во пресрет последните натпревари од квалификации за Европско првенство во Данска е оптимист.


– Мораме да веруваме во нашите сили, бидејќи сме селекција која во последните четири години има континуиран настап на големите натпреварувања, кои пак, од друга страна, ни даваат сигурност и надеж дека ќе успееме да продолжиме со настапите и на ова ЕП во Данска. Но патот до Данска е трнлив, но истовремено минлив. Очекувам победи против Швајцарија и Португалија, а дека Шпанија нема да тактизира против Португалија, односно да си поигрува со своето реноме. Најзначајно е здрави и подготвени да го дочекаме дуелот на гости против Швајцарија – истакна Лазаров, за “Нова Македонија“.

Првиот натпревар “црвено жолтите“ го играат против Швајцарија, а од исходот на мечот Португалија – Шпанија ќе се знае дали Македонија има шанса за пласман на ЕП.

Мх.П.